На покана на претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, в четврток во дводневна официјална посета на Албанија ќе допатува унгарската претседателка Каталин Новак.

– Во фокусот на разговорите ќе бидат унапредувањето на политичките и економските односи меѓу двете земји, соработката со Унгарија во функција на интегративниот процес на Албанија и другите земји од Западен Балкан, случувањата во регионот на Западен Балкан, како и новите геополитички случувања погодени од руската воена агресија во Украина, соопштија од кабинетот на Бегај.

Претседателката Новак ќе биде примена со сите државнички почести,  по што ќе следи средба  меѓу двајцата претседатели, средба на двете официјални делегации, како и заедничка прес-конференција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.