Десетици илјади украински бегалци кои се во бугарските одморалишта на Црното Море ќе мора да заминат до 1 јуни поради намалените владини субвенции и почетокот на сезоната на летни одмори.
Откако Русија изврши инвазија на 24 февруари, а Украинците почнаа да бегаат од земјата, Бугарија, како и многу други земји од централна и источна Европа, реши да им помогне, да ги прифати и да обезбеди сместување.
Од 97.000 бегалци од Украина кои моментално се во Бугарија, околу 60.000, главно жени и деца, се сместени во одморалиштата, а бугарската држава им обезбедува 40 лева (22 долари) по лице дневно.
Според бугарски медиуми, в недела ќе почне масовното преместување на украинските бегалци од хотелите во кои се сместени.
Повеќе од 20.000 луѓе ќе бидат сместени во државните бази во земјава. Ова го соопшти окружната управа во Варна. Бегалците организирано ќе се превезуваат со возови. Во населените места каде што нема железнички станици, Украинците ќе се превезуваат со воени и приватни автобуси.
Во моментов во хотелите во Бугарија се сместени повеќе од 60.000 бегалци од Украина. Речиси 20.000 од нив решија да ја напуштат Бугарија во наредните денови, јавија локалните медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.