На судењето на водачите на поранешната ОВК во Хаг, денеска сведочеше поранешниот офицер на американскиот КФОР Стив Расел.

Сведокот на обвинителството Расел за време на неговото прво сведочење изјави дека на 9 август 1999 година, меѓународните сили извршиле рација во зградата на интернатот во Гњилане, каде што, спротивно на Кумановскиот договор и Резолуцијата 1244, се наоѓал илегалниот штаб на ОВК.

Соба за мачење

Покрај значителното количество оружје, муниција, мини и друга опрема што ОВК, според договорот, требаше да ги предаде, КФОР, според зборовите на Расел, во интернатот пронашол и „соба за мачење“.

Во таа подрумска просторија е пронајдено столче околу кое имало дамки од „многу свежа крв“, како и „остри инструменти, разни палки, цевки, електрични жици“.

Според обвинението, во јули 1999 година, Мирко Јовиќ и Џемо Жуљиќ биле убиени во притвор на ОВК на таа локација.

Според обвинението, другите приведени биле „тешко тепани и психички малтретирани“ од припадници на ОВК „удејќи ги со шипки и палки по целото тело, удирање со клоци и тупаници и закани со насилство и смрт“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.