Во пукањето во белградското ОУ „Владислав Рибникар“ загинаа осум деца, како и еден припадник на обезбедувањето, а ранети се шест ученици и наставничка по историја.
При масакрот, извршен од 13-годишниот ученик, Коста К., прва жртва беше обезбедувачот Драган В.
Децата рекоа дека секогаш ќе го паметат затоа што бил ангел. Тој беше нивниот омилен чувар“, за српските медиуми вели мајката на ученик од седмо одделение кој го посетува тоа училиште.
Тој беше извонреден човек, вистински добар дечко, не сакам да биде дека нешто преувеличувам, но навистина е така“, вели братот на загинатиот Драган, за „Телеграф.рс“.
Како што раскажува тој, Драган бил разведен и не оставил потомци.
Немаше деца, разведен беше, но го даде животот штитејќи други деца. Не знаеме кога ќе биде погребот, сите сме изгубени“, вели братот на Драган.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.