Група ученици од основно училиште во Белград ги злоупотребиле фотографиите на нивната наставничка и нивните врсници, користејќи ги за монтирање на порнографски содржини, пишува Курир.
Училиштето веднаш реагираше и спроведе дисциплинска постапка. Директорот Иван Ќириќ за Телеграф изјави дека учениците признале што направиле, дека се казнети за нивното недолично однесување, но и дека ќе се спроведат дополнителни мерки, како што е зголемена работа со психолози и педагози.
Разговаравме со родители, деца, оштетени. Спречивме ширење на материјалот и тој е избришан. Децата си ја признаа грешката, родителите исто – вели директорот.
Директорот истакна дека за настанот се известени сите институции кои се известени во вакви ситуации.
Полицијата, јавниот бранител, јавното обвинителство… Бидејќи се работеше за деца, немаше елементи за кривична пријава, па случајот беше решен на ниво на училиште, согласно законот – рече тој.
Со оглед на тоа што монтажата се направила надвор од училиште и училишните часови, директорот апелира до родителите да се грижат што гледаат нивните деца на интернет…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.