Осомничениот за убиството на малата Данка Илиќ, Дејан Драгијевиќ и таткото Радослав, беа присутни на погребот на Светлана Драгијевиќ .

Тие беа донесени на погребот на Светлана Драгијевиќ. Со лисици на рацете, овие двајца беа изнесени  пред народот. Дејан и покрај ситуацијата во која се наоѓа делувал сосема нормално и опуштено, а во еден момент оставил марамче на гробот на мајка си.

Некои од присутните изразија згрозеност од однесувањето на Дејан, сметајќи дека е неприфатливо осомничениот за вакво тешко кривично дело да се однесува лежерно во период кога треба да се покаже барем каење или сочувство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.