Поранешениот водач на една од навивачките групи на Партизан, „Ловци на глави“ 41-годишниот Бранислав Бане Пенчиќ, е убиен во престрелка во Обреновац
Според српските медиуми пукањето се случило вчера попладне, а Брзата помош веднаш пристигнала на местото на настанот. Пенчиќ бил сѐ уште жив, но без свест. Починал во Итната помош во Белград.
Првично српските медиуми пишуваа дека тој бил убиен од снајпер, но Телеграф објави дека била пронајдена чаура, што укажува дека убиството е извршено со пиштол со пригушувач. Според медиумот убиецот тргнал по него и точно знаел каде оди. Чекал да дојде во салонот и таму е убиен. Со Пенчиќ била и неговата сопруга, но таа не е повредена.
Сѐ уште не е познат мотивот за убиството.
Бане Пенчиќ ѝ е познат на полицијата од порано. Тој имал дебело досие. Бил поврзан со насилничко однесување и трговија со дрога. Во јавноста е најпознат како поранешен лидер на навивачката група на Партизан Head Hunters, но одамна не е активен на трибините и не присуствувал на натпревари.
„Бане беше познат низ целиот град и сееше страв и трепет. Сите се плашеа од него, но по тепачката со навивачите на Звезда кои им поставија заседа кај Умча, неговата група Head Hunters остана без нивниот транспарент. Почитувајќи го кодот на навивачите, тој тогаш се повлече од трибините. Тоа беше уште пред да се појави Принцип на чело со Вељко Беливук“, вели изворот за Нова.рс.
Повеќе од десет пати бил осуден за разни кривични дела. Досега бил застрелан трипати, пишува Телеграф. До 2008 година, против него биле поднесени дванаесет кривични пријави за дилерство дрога, напад на службеници, кражби и друго.
Против него е поднесена една кривична пријава бидејќи во 2008 година заедно со група навивачи запрел автомобили на булевар во Белград и со тоа го запрел сообраќајот, пренесува Инсајдер. Во извештајот се наведува дека излегле од автомобилот и уринирале на сред улица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.