Ѕвездан Јовановиќ Звеки (57), осуден на 40 години за убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ во затвор ја напиша својата прва книга со наслов „Патеки на волците“.

Во книгата Јовановиќ ги разоткрива имињата на криминалците и политичарите од Демократската партија кои учествувале во креирањето на лажната приказна дека Единицата за специјални операции (ЕСО) организирала вооружен бунт во ноември 2001 година!

Како што изјави во воведниот говор, бил принуден да пишува поради неправдата што им била нанесена на сите членови на ЈСО кои „чесно и служеле на татковината со години“.

– Чувството на долг кон семејството, кон мртвите и живите соборци ме обврза што повеќе да и се посветам на вистината. Се водев од потребата да оставам пишан белег, пишува Јовановиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.