По три часа бегство полицијата му влезе во трага и го приведе 18-годишното момче кое денеска ги исплаши сите во Класичната гимназија во Загреб.

-Денеска околу 13.50 часот на подрачјето на Медвечшак во просториите на образовната установа дошло дотогаш непознато момче. Во ходникот го сретнал момчето кое го барал на кое му се заканил со остар предмет и по заканите избегал. Информациите кои ги собра загребската полиција резултираа со потрага по момчето и негово приведување.

Според хрватските медиуми, неофицијално станува збор за инцидент по врсничка караница поради која момчето влегло во училишната зграда.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.