Потпретседателката на Европскиот парламент, Ева Каили и уште четири лица се упасени под сомнение за корупција и перење пари, во случај што белгиските медиуми го поврзуваат со незаконското лобирање на претставници на државата Катар во Брисел.
Ева Каили е една од 14-те потпретседатели на Европскиот парламент, од кои пет се од групата претставници на S&D. Каили, родена 1978 година, стана член на подмладокот на ПАСОК во гимназијата, на 14-годишна возраст, а на 24-годишна возраст стана најмладата членка на Советот на град Солун.
Од 2003 до 2007 година, таа работеше и стана позната како водител на вести на грчкиот телевизиски канал Мега. Таа ја напушти телевизијата кога беше избрана за пратеник во грчкиот парламент
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.