По повеќе од четири месеци потрага, германската полиција ја уапси Мирнеса С., позната и по прекарот Мики, осомничена дека од фирмата во која работела украла 1 милион евра. Уапсена е во Штутгарт, градот каде што го извршила грабежот.
Германските медиуми пренесуваат дека Мирнеса преку својот адвокат ѝ соопштила на полицијата дека ќе се предаде, откако локалната полиција ја открила нејзината локација во текот на изминатите недели, па фаталната блондинка била свесна дека полицијата го стега кругот околу неа.
Сепак, не е јасно дали станува збор за точна информација, бидејќи таа е уапсена на аеродромот, па некои медиуми претпоставуваат дека сакала да ја напушти Германија. Многумина биле шокирани од изгледот на Мирнеса при нејзиното апсење – таа ни најмалку не наликува на жената од фотографиите кои ги преплавија медиумите последните недели. Сега е бринета која носи очила.
Мирнеса на 14 октомври украла 1 милион евра во кеш од германска транспортна компанија. Грабежот бил веднаш забележан, а полицијата распишала потерница по неа.
Мирнеса или Мики е родум од Бусовача, каде што живеела извесно време. Оваа атрактивна блондинка живеела луксузно. На фотографиите кои ги објави на Инстаграм може да се видат скапи чанти, накит, часовници Ролекс, а наводно има и профил на платформата Only Fans.
Новинари од Босна и Херцеговина ја посетија нејзината родна куќа во Бусовача, каде што ја нашле нејзината родна куќа. Таа наводно има брат близнак и уште една сестра, а нејзиниот татко починал минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.