По долготрајна потрага, Мирнеса Бешлиќ, беше уапсена на аеродромот во Штутгарт поради кражба на милион евра, а по неа беше распишана потерница и награда од 37.500 евра.

Мирнеса преку својот адвокат ги известила германските власти дека сака да се предаде, по што беше уапсена од истражителите на сојузната полиција.

По нејзиното приведување, многу се шпекулира за висината на казната што ќе ја добие, а адвокатот Един Коца, кој работи во Германија, истакнува дека тоа што го направила Мирнеса се смета за обична кражба.

Видот на казната не зависи од тоа колку украла, туку од видот на кражбата. Со други зборови, има обична кражба и тешка кражба. Се гледа дали тоа го направила за да може да се издржува, но тоа никогаш нема да може да се докаже , вели Коца за Аваз.

Адвокатот посочува и дека доколку Мирнеса имала дозволен пристап до тие пари, без разлика што се работи за голема цифра, поинаку ќе се гледа на ситуацијата.

Доколку парите не биле заклучени, односно таа имала отворен пристап и ги земала, ќе добие максимална казна од пет години затвор. Тешката кражба е десет години, додека ако кражбата е организирана, тогаш казната е 15 години затвор. Но, колку што ми е познато, такво нешто никогаш не е докажано во Германија – посочува Коца.

Доколку Мирнеса не ги врати парите, адвокатот Коца смета дека таа нема да биде во затвор ни пет години, што е вообичаена казна, туку до три години.

Според адвокатот, судството во Германија многу работи ќе префрли на самата компанија.

Ако компанијата и дозволила да биде сама со толку пари, тогаш и тоа ќе се погледне, бидејќи во такви случаи секогаш мора да бидат присутни двајца, наведува Коца.

Тој истакнува и дека никогаш не слушнал да биде украдена толкава сума, без употреба на сила, затоа што во кариерата имал клиенти кои украле и до 50.000 евра, но се извлекле само со условна казна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.