Албанската полиција го уапси Исмаил Морина во Драч, попознат како човекот кој управуваше со дронот со т.н. Голема Албанија. Овој настан предизвика бран насилство на фудбалскиот квалификациски натпревар за ЕУРО 2016 меѓу Србија и Албанија во октомври 2014 година.
Морина ќе помине повеќе од 5 месеци во затвор поради недозволено поседување оружје и муниција, а бил уапсен при проверка на документи.
За време на проверката било востановено дека по него е распишана потерница бидејќи претходно беше осуден на 5 месеци и 12 дена затвор за недозволено поседување оружје и муниција, соопшти албанската полиција.
Апсењето дојде откако судот во Драч ја укина пресудата на судот во Тирана со која затворската казна беше заменета со условна.
Според албанските медиуми, апсењата се поврзани со вечерашното финале на Конференциската лига што се игра во Тирана.
Да потсетиме, во 2015 година албанската полиција го уапси Морина во центарот на Тирана поради поседување нелегално оружје. Но, албанскиот Врховен суд по три месеци го ослободи од затвор и му одреди домашен притвор. Морина беше повторно уапсен во 2018 година во Дубровник врз основа на српска потерница, но беше екстрадиран во Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.