Полицијата за време на претстојот на Александар Вучиќ  во Тирана  го уапси Исмаил Морина, кој се претставува и како Балиста Морина, а во јавноста е познат по тоа што во 2014 година леташе со дрон со албанско знаме на фудбалски натпревар меѓу Србија и Албанија.

Причината за неговото апсење по слетувањето во Тирана е статусот што го објавил на Фејсбук, во кој го споменува претседателот на Србија, Александар Вучиќ,

Морина и е познат на полицијата по повеќе кривични дела, а повеќепати беше апсен, меѓу другото и за неовластено поседување оружје и муниција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.