Во белградската населба Врачар се случила сообраќајка помеѓу моторцикл „Веспа“ управуван од актерот Сергеј Трифуновиќ и автомобил.
Во несреќата нема повредени, но причинета е материјална штета.
Трифуновиќ не одговара за сообраќајката, но било утврдено дека нема А категорија, како и дека бил позитивен на кокаин и канабис.
Потоа поради дрога бил приведен во времетраење од 12 часа.
Сообраќајниот инцидент се случил на 28.5. околу 19.40 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.