Санди Чешко, творецот на брендовите „Дормео.“, „Космодиск“ и „Делимано“ откри зошто неговата компанија е на раб на банктор. тој вели дека војната во Украина и санкциите кон Русија влијаеле негативно но оти се надева дека со помош на вработените ќе успеат да се подигнат.
Украинската војна имаше повеќекратно негативно влијание врз системот Студио Модерна и поради неа го загубивме третиот по големина пазар. На самиот почеток на војната, магацинот на нашата компанија беше бомбардиран и уништен. За среќа нема човечки жртви бидејќи нападот се случил ноќе. И покрај се, фирмата во Украина се уште работи и има 100 вработени.
– Моето его е задоволно што сум меѓу најдобрите, ако не и најдобриот, во тоа што го работам, а не во она што си го купив врз основа на тоа. Луѓето очигледно мислат дека успехот се мери според должината на јахтата, бројот на куќички и други луксузни атрибути. Немам ништо од тоа. А часовникот ми е „swatch“ – кога воопшто го имам на рака.
Тој откри и дека го има веројатно најскапиот велосипед на светот. За десет години развој вложил повеќе од пет милиони евра во тој производ, а намерата била да го понуди на пазарот
Санди лично одговара на телефонски повици, резервира хотели или авионски билети за себе на Интернет и ефективно комуницира со партнерите главно преку е-пошта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.