Tурската лира денеска падна на ново рекордно ниско ниво во однос на доларот, додека претседателот Реџеп Таип Ердоган се подготвува да воспостави нова влада и насока на економската политика по победата на изборите, пренесува Ројтерс.
Во трет последователен пад, лирата ослабе за речиси 1,5% на рекордни 20,75 во однос на американската валута, со што нејзината загуба оваа година достигна речиси 10%.
Инвеститорите се загрижени за одржливоста на неортодоксната економска политика на Турција бидејќи таа ја следеше програмата за ниски каматни стапки што ја заговара Ердоган.
Сега фокусот е на тоа кого ќе постави на раководни позиции за креирање на економската политика и дали ќе има промена на курсот кон потрадиционална економска политика.
Овонеделната средба меѓу Ердоган и Мехмет Шимшек, поранешен економски шеф кој е популарен меѓу инвеститорите, ги поттикна шпекулациите за можна промена кон поконвенционална политика.
Економскиот раст во првиот квартал остана силен и покрај влијанието на земјотресот на југот, високата инфлација и кризата на трошоците на животот.
Според официјалните податоци од денешните, турската економија порасна за 4,0 отсто во првиот квартал од оваа година, што е малку над очекувањата, и покрај влијанието на февруарските земјотреси во кои загинаа повеќе од 50.000 луѓе, а милиони останаа без покрив над главата.
Бруто домашниот производ (БДП) во првиот квартал се зголеми за 0,3% во однос на претходниот квартал на сезонско приспособена и календарска основа, покажуваат податоците на Турскиот статистички институт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.