Турција успешно ја тестираше првата домашна хиперсонична ракета воздух-земја испалена од беспилотното летало Бајрактар ​​Акинџи, соопшти компанијата Бајкар, која произведува борбени дронови.

Првата турска хиперсонична ракета ТРГ-230-ИХА, произведена од „Рокетсан“, успешно ја погоди целта на растојание од 100 километри“, објави на Твитер техничкиот директор на компанијата, Селџук Бајрактар.

Како што се наведува во соопштението, ракетата била истрелана од дрон кој лебди на височина од 7,62 километри.

Според производителот, дострелот на ракетата варира помеѓу 20 и 150 километри.

„Рокетсан“ ја конструираше и првата турска балистичка ракета, која беше успешно тестирана во октомври 2022 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.