Црногорскиот министер за правда, Андреј Миловиќ, соопшти дека го повикал премиерот Милојко Спајиќ да поднесе предлог за негово разрешување.

Миловиќ во објава на платформата Х објаснува дека не поднел оставка.

ИБАР го прекина молкот, сега доаѓа период на вистината. Тоа им го должиме на граѓаните и на Црна Гора, јас немам што да кријам“, порача Миловиќ.

Тој наведува дека е „логично Владата да не може да прифати нешто што не постои“, бидејќи не поднел оставка и додаде дека Собранието е надлежно да го потврди неговото разрешување.

Потсетуваме дека надлежните органи на движењето донесоа едногласна одлука за исклучување откако господинот Миловиќ во континуитет застапуваше ставови кои не беа во согласност со партијата, па на крајот ова сценарио е сосема очекувано и реално“, се наведува во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.