Црна Гора воведува седумчасовно работно време.
Министерката за труд и социјална грижа на Црна Гора, Наида Нишиќ, најави дека до крајот на годинава граѓаните можат да очекуваат воведување на оваа мерка.
Она што го најави премиерот Милојко Спајиќ во предизборната кампања ќе се случи во текот на оваа година“, изјави Нишиќ во емисијата „Линк” на Радио Црна Гора.
Таа додаде дека социјалните давачки во иднина ќе бидат поправични и најави дека нема да бидат укинати, а нема да има укинување ни на Фондот за ПИО. Сепак, како што додаде, извесна е негова реформа.
Германскиот канцелар Олаф Шолц, на денешната средба во Берлин со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, истакна дека „крајно време“ е Црна Гора да стане членка на Европска Унија и оцени дека е постигнат „голем напредок“ во исполнувањето на стандардите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.