Три луѓе загинале кога автомобил што учествувал во нелегална трка на автопат во Косово ја загубил контролата и завршил во публиката, јави дописникот на МИА од Приштина.

Покрај тројцата загинати, во несреќата на автопатот „Ибрахим Ругова“ во близина на Призрен повредени се уште тројца од гледачите на трката меѓу две возила марка „фолксваген голф“.

На повредените им е пружена лекарска помош, додека осомничениот возач на возилот кое удрило во публиката е уапсен и по налог на надлежен обвинител е притворен.

Косовските медиуми ги идентификуваат жртвите како Лорди Сиља, Молос Делија и Нуе Бибај, сите тројца момчиња од Ѓаковица. Од истиот град е и возачот кој ја предизвикал трагедијата, а кој е идентификуван како Арлинд С. и за кого се вели дека е близок роднина на еден од загинатите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.