Во местото Јањина, Пељешац во Хрватска се случи несекојдневна сообраќајка во која учествуваа тројца старци. Најстариот имал 98, другиот 91 а третиот 76 години. Сите заедно имаат 265 години.

Од полицијата велат дека несреќата се случила откако 91-годишен возач со дубровнички таблички, влегол на раскрсница и удрил во возилото кое го управувал 98-годишниот пензионер. Од ударот вториот изгубил контрола и удрил во трето возило кое го управувал.76-годишен маж.

Оваа несекојдневна сообраќајка ја заинтригира јавноста во Хрватска и сите го поставуваат прашањето до која старосна граница ќе може да се издаваат возачки дозволи.

Во Хрватска, откако лицето ќе наполни 80 години во лекарското уверение му е наведен периодот за кој му важи возачката, а кој не може да биде подолг од пет години. 

Во зависност од здравствената состојба на возачот, лекарот може да издаде ограничување од еден или два дена, а по истекот на овој рок лицето ќе мора да дојде на уште една контрола.

Лекарскиот преглед за постарите возачи не се разликува од другите лекарски прегледи на возачите. Значи здравствениот преглед е ист за сите и млади и стари возачи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.