И лидерот на партијата „Има таков народ“, Слави Трифонов е против предлоготза за кревање на ветото кој наводно е подготвен од француското претседателство со ЕУ .

Нему му пречи што што во предлогот поднесен до комисијата за надворешна политика на бугарското собрание се зборува за „бугарско малцинство“. Трофонов вели дека тоа не може да стои во предлогот, затоа што во Македонија живееле Бугари.

Тоа е нешто што ние како Бугари никогаш не сме го прифатиле, бидејќи вистината е дека во Македонија нема бугарско малцинство, туку има Бугари, рече Трифонов во телевизиско обраќање.

Тој оценува дека во документот се вели дека „Софија треба да ја пушти Македонија да започне преговори, а ЕУ и Франција ќе се погрижат Скопје потоа да ги исполни своите обврски кон Бугарија, потоа да ги вклучи Бугарите во уставот како народ што ја гради државата и потоа ќе ги усвои одлуките од Договорот за добрососедство од 2017 година. Тогаш гаранција дека тоа ќе се случи ќе дадат Франција и ЕУ. Односно гаранција на Франција“, рече Трифонов.

Лидерот на ИТН уште вели дека имало апсурд во францускиот предлог поврзан со македонскиот јазик.

Бидејќи ние Бугарите не го прифаќаме постоењето на македонскиот јазик, бидејќи нема таков јазик, ќе го признаат сите други европски земји. Нам ќе ни признаат дека ние не го признаваме. Ова е резултат на двојната политика на Кирил Петков од моментот кога стана премиер, рече Трифонов.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.