Три дневна жалост во Црна Гора по вечерашниот масакр во центарот на Цетиње, кога 34-годишниот Вук Бориловиќ уби 10 свои сограѓани и рани шест од нив. Во крвавата драма беа убиени две деца.

Бориловиќ по случаен избор со ловечка пушка пукал во соседите, итната медицинска помош, припадниците на полицијата и случајните минувачи. Според полицијата, при размена на оган прво го ранил полицаец, а со истрели од пиштол го убил сограѓанинот Н.К. со кого полицијата во Црна гора преговара за да се предаде.

Инаку обдукцијата открила дека Бориловиќ имал најмалку пет влезни рани, а кои рани биле смртоносни, ќе проценуваат балистички експерти и патолози. Медиумите откриваат и дека тој имал дозвола за оружјето со кое го извршил масакрот во Цетиње, бидејќи имал дозвола за оружје како ловџија.

Oд Клиничкиот центар на Црна Гора соопштија дека тројца од ранетите се оперирани и сместени на Одделот за интензивна нега, а еден од повредените е во критична состојба.

– Во клиниката има четворица пациенти, еден е на Клиниката за неврохирургија и е на понатамошно лекување по операцијата. Тројца пациенти се на Централното одделение за интензивна нега и по итна операција, на нивно понатамошно интензивно лекување. Првиот пациент има доминантна повреда на главата и е опериран и е на понатамошна интензивна терапија. Вториот пациент е со доминантна повреда на црниот дроб и опериран и е на интензивна нега. Третиот пациент има повреда на главата и вратот, оперирана е фрактура на десната надлактица и е на понатамошна интензивна нега третман. – изјави Зоран Терзиќ директор на КЦГБ.

Директорот на болницата во Цетиње, Иван Ивановиќ, вели дека двете лица хоспитализирани во таа болница, кои беа повредени во вчерашната трагедија, се во стабилна општа состојба.

– Станува збор за маж и жена. Тие се надвор од животна опасност, првите пациенти во болницата почнаа да пристигнуваат вчера околу 16 часот. Меѓу нив за жал имаше две лица за кои при приемот беше констатирана смрт- изјави Иван Ивановиќ директор.

Тешко повредени се шест лица како и полицаецот Љубиша Максимовиќ, кој се обидувал да го совлада Бориловиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.