Вишото јавно обвинителство во Зајечар, кое ја води истрагата за убиството на малата Данка Илиќ од Бор, дало наредба да се прегледаат камерите кои го снимиле периодот во моментот на исчезнувањето на двегодишното девојче, а се лоцирани на местата каде се видени осомничените, дознава српски „Курир“.
Се работи за вештачење на три камери. Две камери се од куќи во Бањско Поље, а новото е што едната камера е од зградата во која живее семејството Илиќ во Бор. Патем, вештачењето се прави за точно да се утврди редоследот на времето, бидејќи се работи за аматерски камери.
Вештачењето ќе се врши во Белград и се очекува да не трае повеќе од десет дена – се дознава неофицијално од Обвинителството.
Вишото јавно обвинителство Зајечар се уште работи на случајот, иако сите сведоци се сослушани, дадоа изјави, испитани се сите материјални докази, осомничениот повеќе нема да се појавува пред Обвинителството, меѓутоа, не значи дека истрагата официјално е завршена.
Сега се споредува времето и во секунди кој каде и со кого бил на тој ден кога се изгубила Данка. Обвиненијата мора да бидат поднесени до 26 септември или осомничените да бидат ослободени. Засега е извесно дека Обвинителството ќе поднесе обвинителен акт, но се уште не се знае како ќе гласи – објаснува добро упатен извор за „Курир“.
За потсетување, Срѓан Јанковиќ (50) од борското село Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од село Злот се обвинети дека го удриле девојчето Данка кое се движело по патот со службен автомобил на јавното комунално претпријатие „Водовод“ во Бањско Поље на 26 март.
На двајцата им е продолжен притворот до 26 септември, кога стандардно истекуваат шест месеци, колку што е рокот за поднесување обвинение и рокот за престој во притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.