Коста Кецмановиќ бил префрлен во друго одделение и не бил прифатен од децата, тврди д-р Зоран Димитријевиќ, пензиониран невропсихијатар и детски психијатар од Ужице.
„Во морето информации за момчето кое во средата уби осум ученици и училишен чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, недостигаше едно – што е направено кога бил преместен во друго одделение и дали со него се зборувало. Дали бил прифатен, а очигледно е дека не бил“ – вели д-р Зоран Димитријевиќ, кој во својата кариера превентивно работел со над 60.000 деца.
За српски Блиц тој посочува на детали кои би можеле да одговорат на прашањето каков однос навистина имал Коста Кецмановиќ со другите деца. Три детали зборуваат многу:
„Фактите дека не бил примен ниту во новото одделение, што имплицира дека проблемот бил сè уште во него, потоа дека во новото одделение бил во паралелка со деца слични на него, кои немале причина да го задеваат и на крај, фактот што многу брзо по трансферот, наместо да и даде шанса на новата средина, тој почна да прави листа за убиства“.
Наша практика е, вели докторот, кога детето има проблем на училиште што не може да се реши, особено ако не е прифатено и е во конфликт со околината, да го преместиме во друго одделение или друго училиште.
„Се верува дека промената на средината ќе придонесе за подобрување, но, за жал, тоа дете не е професионално надгледувано за да се утврди дали се работи за психичко нарушување или нарушување во однесувањето кај здраво дете. Само еден ден по трагедијата во основното училиште „Владислав Рибникар“ добивме потврда за ова кога поранешна ученичка на гимназијата „Руѓер Бошковиќ“ со нож повреди ученик и наставничка, па таа е однесена на психијатрија“, вели д-р Димитријевиќ.
Докторот предлага да се воведе како законско барање секое дете што прави нешто несакано да биде испратено на опсервација во здравствена установа, со што, смета, би се решиле многу работи.
Децата кои се забележително агресивни или повлечени и изолирани од околината во социјална смисла, според лекарот во пензија, потребна е тимска работа за проценка на нивната здравствена состојба и континуирано следење.
„Пред да убие осум соученици и чуварот, момчето не направило ништо, но индикативно е дека било повлечено и неприфатено. За психијатријата позабележителни се децата кои се повлечени, исфрлени од околината и немаат соодветна комуникација со своите врсници од децата кои се живи, послободни“, објаснува докторот.
Симптоматично е, посочува д-р Зоран Димитријевиќ, што одличен ученик кој постигнал успех на натпревари, бара да биде префрлен во друго одделение бидејќи неговите соученици, меѓу кои има и одлични ученици, не го прифаќаат.
„Доколку учениците не го примифатиле во тој друг клас, тоа укажува дека имало проблем со него. Дали некој се запрашал на училиште зошто децата не прифаќаат одличен ученик и добар дечко. Колку што разбрав, веднаш по преместувањето во друго одделение почнал да прави план да наштети, на кого ќе му наштети. Би сакал да слушнам некој од училиштето да каже дали со него и неговите родители се разговарало за причините поради кои побарал трансфер и подоцна кога бил префрлен во друго одделение“, вели невропсихијатарот и детски психијатар од Ужице.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.