Бугарскиот претседател Румен Радев утре претпладне ќе и го додели мандатот за состав на нова влада на политичката партија „БСП за Бугарија“.

Првиот мандат беше доделен на ГЕРБ-СДС, но составот на Владата со кандидатот за премиер Николај Габровски не ја доби потребната поддршка во бугарскиот Парламент.

Вториот мандат Радев му го додели на кандидатот за премиер на политичката партија „Продолжување со промена“, Николај Денков, но и тој не доби поддршка во Парламентот за декларацијата со приоритетите.

Третиот мандат е последна можност за формирање Влада во најсиромашната земја во Европската унија. Доколку не се спроведе успешно, според Уставот, шефот на бугарската држава мора да распише нови парламентарни избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.