Невидено невреме го зафати Белград, а огромно количество дожд падна врз главниот град.
Водата направи хаос на улиците, нереални сцени од граѓаните се објавуваат на социјалните мрежи од минута во минута. Драматична сцена се случи и на Петлово брдо, а акцијата на работникот на ПУК „Градска чистота“ ќе се памети долго.
Имено, како што може да се види на видеото објавено на страницата на Инстаграм „192_rs“, жената се обидела да пронајде решетка во поројот што бил создаден да истече огромно количество вода, но сепак изгубила рамнотежа и паднала неколку пати и вработениот во „Градска чистота“ веднаш истрча да ја спаси.
„Оди, оди таму брат, ќе се поплави, трчај брате, трчај, жената се дави“, се слуша на снимката како младиот човек од камионот вика кон колегата.
Како што се слуша на снимката, познатиот Срки стигнал до несреќната жена и ја спасил.
„Срки херој брат“, се слуша на крајот од видеото, а и под ова видео има само пофални коментари.
View this post on Instagram
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.