Трагедија го потресе Белград, откако ученичка се пожалила на болки во главата, по што паднала и починала пред нејзиното основно училиште „Деспот Стефан Лазаревиќ“.

Станува збор за 14-годишната М. М., на која наеднаш ѝ се слошило додека со другарките тргнала кон дома.

Иако Брзата помош веднаш пристигнала, докторите по долга и неуспешна реанимација констатирале смрт.

Засега не е позната причината за смртта. Полицијата ги проверува надзорните камери од училиштето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.