Сите екипи на Министерството за внатрешни работи даваат сè од себе за да го пронајдат девојчето, но, не верувам дека ќе ја најдат, вели адвокатот Тома Фила за српски „Мондо“ коментирајќи го случајот со исчезнатата Данка Илиќ, по која се трага од вторникот, кога исчезна во Бањско Поље, кај Бор.
Малата Данка нема ни две години, а за 15 минути изгледа не може да оди предалеку, се сомневам дека нема да ја најдат таму, а не знам каде ќе ја најдат…, вели Фила.
Според него најмногу загрижува можноста таа да е однесена преку границата со Србија.
Родителите треба добро да се испитаат. Источна Србија е чудна, можеби дури и ја преминала границата со некого, ако некој ја киднапирал. Се работи за некаков криминал. Не верувам дека некогаш ќе ја најдат, бидејќи ако сега не ја најдат, мртва или жива, не дај Боже, сè изгледа како трговија со деца, смета адвокатот.
Двегодишната Данка исчезна во вторникот околу 13 часот и 45 минути во околината на Бор, а потрагата по неа трае веќе петти ден.
По нејзиното исчезнување, за прв пат во Србија е активиран системот „Најди ме“ (Amber Alert), наменет за итно јавно известување во случај на исчезнување на малолетно лице.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.