Провокација од Силјановска“ е коментарот на дел од грчките медиуми во текстовите за инаугурацијата на новата претседателка Гордана Силјановска Давкова поради употребата на терминот „Македонија“, јави дописничката на МИА од Атина.
Медиумите во Грција го пренесуваат текстот на државната новинска агенција АНА-МПА под наслов „Македонија: Гордана Силјановска положи заклетва како претседателка на земјата, која ја нарече „Македонија“.
Во текстот пишува дека „Силјановска, за време на заклетвата, државата ја нарече „Македонија“, и покрај тоа што во текстот на заклетвата, кој го читаше претседателот на Собранието во заминување, Јован Митрески, повикувајќи ја Силјановска да повтори, земјата беше спомената како „Македонија“.
-Амбасадорката на Грција во Македонија, Софиа Филипиду, која беше поканета на седницата на Собранието за инаугурацијата на Гордана Силјановска, си замина во знак на протест поради фактот што претседателката за време на нејзината заклетва ја нарече земјата „Македонија“, прекршувајќи го Договорот од Преспа, пишува АНА-МПА.
„Македонија: Провокација од новата претседателка-земјата ја нарече Македонија“; „Македонија: Грчката амбасадорка ја напушти инаугурацијата“; „Македонија: Гордана Силјановска ја нарече Македонија“; „Македонија: Го кажа и го стори тоа новата претседателка“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми, кои го пренесуваат текстот од државната новинска агенција
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.