Малолетник (13) тешко го повредил тинејџерот М.С.(17) со кој се дружел, а неговата мајка В.С.(57) со секира и нож.
Повреденото момче било пронајдено во локва крв на улица во ул. село Радоево во Нова Црња!
Нападот се случил синоќа околу три часот, тешко повредената жена и нејзиниот син се пренесени во болница и лекарите се борат за нивниот живот.
Тој малолетник пред два дена беше со нив, се дружеа и тоа се случи!? Никој не знае што го опседнало да направи вакво нешто, иако никој во селото нема добро мислење за него. Во селото велат дека има над 20 пријави во полиција, но тој е уште дете и не одговара… – вели за „Информер“ еден од соседите на повредената жена и нејзиниот син.
Според него, за да биде злото уште полошо, тешко повредената жена претходно била оперирана од рак и била болна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.