Дваесетгодишно момче е киднапирано и силувано во Тирана, соопшти вчера албанската полиција, додавајќи дека сторителите се уапсени. Злосторството се случило на плоштадот „Скендербег“ во центарот на Тирана, каде Д.Б. (36), Е.Х. (31) и неименуван 19-годишен маж, насилно го зеле 20-годишникот и го силувале, пренесува „VoxNews“.

Сите тројца се уапсени, додека уште еден маж на 28-годишна возраст исто така е лишен од слобода бидејќи не го пријавил делото. Според полицијата, тројцата со употреба на насилство го киднапирале момчето.

Според информациите на албанскиот портал, целиот настан се случил од „банални мотиви“.

Специјалисти за истрага на криминал од Полициска станица бр. 1, откако добиле пријава од дваесетгодишен маж дека тројца мажи му ја одзеле слободата, веднаш организирале нивно фаќање.

Материјалите се проследени до Обвинителството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.