Шести ден по ред интензивна потрага по исчезнатиот Матеј Периш. Новинарот на ТВ Пинк, Младен Мијатовиќ, вечерва се приклучи на „Национален дневник“ од салата Бетон со нови информации.

Мијатовиќ јавува дека се уште се ангажирани сите ресурси на МВР за да се реши мистеријата за исчезнувањето на овој млад човек од Сплит.

Припадниците на речната полиција денеска заедно со граѓаните го пребараа коритото на реката Сава за евентуално да го пронајдат телото на Матеј. Според Мијатовиќ, таа потрага е завршена и во коритото не било пронајдено ништо, што би укажало дека таму е телото на исчезнатиот спличанец.

Нуркачите го пребаруваа и теренот. На крајот Мијатовиќ рече дека потрагата продолжува се додека не се разреши оваа мистерија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.