Таткото на Матеј Периш, Ненад потврди дека српската полиција го известила дека во Дунав кај Ада Хуја е пронајдено тело на млад човек, што според описот и гардеробата одговара на неговиот син.
-ДНК допрва треба да се споредува, но според облеката тоа е Матеј. Тоа можам да ви кажам, немам ништо друго засега. Многу ми е тешко и очекувавме некоја посреќна информација, но секоја вистина е вистинита и морам да се соочам со неа, јас и моето семејство. Така е, ништо повеќе не можам да кажам. Многу ми е тешко. Ќе дојдам во Белград – изјави Ненад Периш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.