На новото рочиште за убиствата на Коста Кецмановиќ во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, Владимир Кецмановиќ, таткото на 13-годишниот убиец, повторно ги шокирал сите во судницата со неговата дрскост, пренесува српски „Блиц“, кој ги следи рочиштата.
На прашањето која би била адекватна казна за тоа што го направил неговиот син, Кецмановиќ одгвороил:
Му реков и на обвинителот Ненад Стефановиќ, запалете ми го семејството, сопругата, децата, мајката
Неговиот бесчувствителен одговор ја остави целата судница во шок, вели репортерот на српскиот весник.
Инаку, на едно од претходните рочишта одбраната на Владимир се обиде вината за тоа како неговиот син стигнал до оружјето со кое убиваше низ училиштето да ја префрли на сопственикот на стрелиштето Ратко Ивановиќ.
При распитот Кецмановиќ изнесоа очигледни заклучоци со кои се обидоа да укажат дека Владимир не му го дал оружјето на синот, туку тоа го направил сопственикот на стрелиштето, вели изворот на „Блиц“.
Сведочењето на Владимир и тогаш ги вознемири родителите на убиените деца, кои на крајот од рочиштето ја напуштија судницата многу потресени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.