Поранешниот лидер на ОВК и претседател на Косово, Хашим Тачи се изјасни дека не е виновен по ниту една точка од обвинението на специјалниот суд за воени злосторства за Косово во Хаг.
Го разбирам обвинението и во целост не сум виновен, рече Тачи пред судиите.
Со уводен говор на Обвинителството, денеска пред Специјализираниот совет за Косово почна судењето на поранешните лидери на ОВК, Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими.
И Красниќи, Селими и Весели се изјаснија дека го разбираат обвинението, но и дека не чувствуваат вина по ниту една од точките во него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.