Српската опозиција во целост го има пресликано македонското сценарио.И таа како причина за поразот бара во т.н  фантомски гласачи кои беа изум на СДСМ кога беа на власт.Иако изгубија со речиси двојна разлика вината вина бараат во гласачи кои според нив не постојат.

На СДСМ му пречеа гласачите од Пустец а на нивните колеги од Србија гласачите од Република Српска.На последните избори неколку илјади гласачи од Република Српска кои ги има на избирачкиот список бидејќи се државјавни на Србија го остварија своето гласачко право.

Лидерите на српската опозиција сметаат дека нема што да бараат на изборите.Сличен став имаше и СДСМ во 2016 година.

Фантомски гласачи кои беа главна мантра на тогашната опозиција предводена од СДСМ.

Се споменуваше бројка од  дури  300.000 сомнителни гласачи. Поради тоа, на барање на тогашната опозиција предводена од СДСМ беше спроведена теренска проверка на сомнителни гласачи по што околу 30.000 беа привремено избришани од Избирачкиот список.

Покрај тоа, околу 200.000 граѓани за кои се претпоставуваше дека живеат во странство беа ставени на посебен список. Потоа т.н сомнителните гласачи повторно беа вратени во Избирачкиот список.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.