Грчката телевизија синоќа објави видео снимка од моментот кога два воза се судрија во Темпи, кај Лариса, а во меѓувреме објавено беше и дека бројот на загинати се зголеми на 43.
На видеото кое го објави ЕРТ се гледа моментот кога товарниот воз директно се судри со комерцијален воз, а регистрирано е дека два воза се движеле по иста шина.
Патничкиот воз, што се движел кон Солун, директно се судрил со товарниот воз, што се движел во спротивна насока, јавува Катимерини.
Двата воза поради непознати околности се движеле по истата пруга, што довело до жесток судар.
Причините за несреќата се истражуваат, додека шефот на станицата Лариса наводно ја прифатил својата кобна грешка, извинувајќи се во фаза на прелиминарна истрага за трагичната несреќа.
-Бројот на загинати достигна 43, изјави Рубини Леонтари, шеф на судската служба во Лариса, кој разговараше за ЕРТ.
Повредени се вкупно 85 лица, од кои 72 се во болница, а шест се на одделенијата за интензивна нега.
Надлежните проценуваат дека бројот на жртвите ќе се зголеми, бидејќи неколку луѓе се заробени во првите вагони на патничкиот воз.
Според ажурираните информации на „Хеленик Трејн“, двата воза превезувале вкупно 354 патници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.