Страницата на ОМО Илинден на Фејсбук била блокирана за време на средбата на Македонците од Бугарија со македонскиот претседател Стево Пендаровски.

Фејсбук-страницата на ОМО Илинден била блокирана речиси истовремено со средбата на претставниците на оваа организација и на неколкуте други здруженија на Македонците од Бугарија со претседателот Стево Пендаровски, потврди Стојко Стојков од ОМО Илинден Пирин за „Нова Македонија“. Тој објасни дека блокадата била под чудното и лажно обвинение за „спам“ (испраќање речиси идентични небарани пораки до голем број корисници).

Пендаровски денеска прими ги приме претставниците на неколку здруженија на Македонците од Бугарија, кои го информираа за нивната работа и активности.

Македонците во Бугарија постојано се жалат дека не уживаат права кај источниот сосед, не се признати и не можат слободно на попис да се изјаснат како Македонци. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.