Ги поттикнуваме Грција и Турција да ги решат нивните разлики во Егејското море во духот на довербата и сојузничка солидарност. Тоа значи самовоздржаност, умереност и воздржување од каква било акција или реторика што може да ја ескалира ситуацијата, вели генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервјуто за грчката новинска агенција АНА-МПА, додавајќи дека во време на војна, уште поважно е сојузниците да бидат обединети, јави дописничката на МИА од Атина.

Посочува дека НАТО е алијанса на 30 земји со различна географија, историја и политички парти и „не треба да нè изненадува  фактот што понекогаш постојат силни несогласувања меѓу земјите, но, различните ставови и дискусии се суштински дел од демократиите“.

Додава дека во минатото имало несреќи со грчките и турските сили и „мора да направиме сè што можеме за да помогнеме да се намали ризикот од такви несреќи во иднина“.

За улогата на Грција во НАТО, Столтенберг вели дека е „силен и драгоцен сојузник“, стратешки се наоѓа на Балканскиот Полуостров, на крстопат меѓу Европа, Азија и Африка и „придонесува за нашата заедничка безбедност на многу различни начини“.

-Грчките војници играат важна улога во мисиите на НАТО, вклучително и во Косово и во Ирак. Покрај тоа, Грција има вреден придонес во нашите поморски мисии, вклучувајќи го и нашиот развој во Егејското Море, помагајќи да се намали нелегалната трговијата со луѓе во Европа. Во воздух, грчките борбени авиони помагаат да се одржи безбедно небото над Црна Гора,  Македонија и Албанија. Грција исто така е пример и во однос на одбранбените трошоци, исполнувајќи ја целта од 2 отсто од БДП и инвестирајќи во значителни нови можности, вклучително и авиони од петта генерација, вели Столтенберг.

Во однос на барањата на Финска и Шведска за членство во НАТО, генералниот секретар истакнува дека се историски и ќе ја зајакнат Алијансата, а „сега треба да се соочиме со загрижувањата за безбедноста на сите сојузници, вклучително и сериозната загриженост на Турција за терористичката организација ПКК, и да единствен начин за напредување“.

Додава дека Турција има разумна загриженост, „која сите сојузници мора сериозно да ја земат предвид“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.