Соединетите Американски Држави го поздравиja исходот од изборите во Србија, со оценка дека Србија им се придружи на демократиите во целиот свет во осудата на руската војна во Украина, се наведува во одговорот на Стејт департментот за „Гласот на Америка“ .

Констатирано е дека САД се задоволни што повеќе кандидати и партии на претседателските, парламентарните и локалните избори, кои го поддржуваат пристапувањето на Србија во Европската унија, добиле значителна поддршка на изборите, што според Стејт департментот е јасна поддршка за стратешките приоритети на Србија.

Исто така како што пренесува Гласот на Америка, беше посочено дека САД се согласуваат со прелиминарните заклучоци на набљудувачката мисија на ОБСЕ дека гласањето во целина било мирно и дека во голема мера биле почитувани основните слободи и права.

Jа споделуваме загриженоста на мисијата за комбинираното влијание на нееднаков пристап до медиумите, неоправданиот притисок врз вработените во јавниот сектор за поддршка на службениците, значителните финансиски нееднаквости и злоупотребата на државните ресурси што резултираа со нееднакви услови за учесниците, соопшти Стејт департментот.

Во исто време Вашингтон ги повикуваат властите во Белград да ги решат недостатоците што ги утврди мисијата на ОБСЕ, да го поддржат патот на Србија кон ЕУ и со нетрпение очекуваат да се продолжи со напорите за градење продуктивни односи меѓу САД и Србија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.