Во Специјалниот суд во Белград денеска почнува главната расправа во постапката против организираната криминална група на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, чии членови се товарат за убиство, трговија со дрога, недозволено поседување и носење оружје, киднапирање и силување.
Обвинетите денеска првпат јавно треба да ја изнесат својата одбрана бидејќи прелиминарното рочиште беше затворено за јавноста.
Беливук и Миљковиќ не се во конвојот бидејќи престојуваат во притворските одделенија во зградата на Специјалниот суд.
Беливук, Миљковиќ и членовите на нивниот клан беа уапсени во голема акција спроведена во соработка со МУП, БИА и Обвинителството за организиран криминал на 4 февруари 2021 година на територијата на цела Србија.
Обвинителството ги товари за седум убиства за организиран криминал, а меѓу жртвите се Александар Глигоријевиќ, Горан Величковиќ, Милан Љепоја, Здравко Радојевиќ, Лазар Вукиќевиќ, Никола Митиќ и Горан Михајловиќ.
Телата на жртвите никогаш не биле пронајдени затоа што кланот, како што се сомнева, сомелел некои од нив во мелница за месо и ги фрлил во Дунав, а една ја запалила на клада направена од автомобилски гуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.