Група демонстранти вечерва се обиделе насилно да упаднат во градското собрание на Белград. Тие го скршија стаклото на вратата, но биле спречени од полициски сили на влезот во зградата.
Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, најостро го осуди обидот за насилно окупирање на зградата на градското собрание во Белград.
„Кандидатите за советници и пратеници на коалицијата „Србија против насилството“ покажаа дека нивната единствена политика е насилството. Насилството на малцинството врз мнозинството кое ја изрази својата волја на демократските избори и даде убедлива поддршка за политиката на претседателот Александар Вучиќ“.Опозицијата со својата политичка програма не може да ја добие довербата на граѓаните, бидејќи таа програма не постои, туку тие сакаат да дојдат на власт со предизвикување хаос и конфликт. Ги повикувам граѓаните да останат смирени и да покажат доверба во институциите на државата кои имаат сила да ја заштитат безбедноста и демократскиот поредок во државата. Србија ќе ги штити Уставот, законите, безбедноста и слободата на секој граѓанин на нашата земја
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.