Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, во Крушевац изјави дека силно го поддржува предлогот за задолжително враќање на воениот рок, не за да се подготвува за војна и да подготвува млади луѓе да одат на некои боишта, туку за да гарантира независност, слобода и мир, јави дописникот на МИА од Белград.

Колку е нашата армија посилна, толку е посигурен мирот. Токму спротивното од оние кои велат дека не треба да се инвестира во армијата или дека не треба да ја зајакнуваме армијата со вооружување со воена опрема и пред се со човечки ресурси, затоа што не ја кажуваат вистината и не разбираат дека силна, моќна армија, добро опремена, обучена и побројна е најдобриот гарант за зачувување на мирот, посочи тој.

Според него, тоа е најголемата пречка за сите оние кои се злонамерни кон Србија.

Додека бев министер за одбрана, го направивме тој лаборат, односно предлог за одлука за враќање или укинување на суспензијата на задолжителниот воен рок, бидејќи задолжителниот воен рок беше суспендиран во 2011 година и го испративме тоа до воениот кабинет на претседателот на Републиката и врховниот командант на српските вооружени сили и сега чекаме јавната расправа, објасни Вучевиќ.

Тој рече дека оваа година е идеална за да разговараат за тоа, бидејќи Министерството за одбрана на српските вооружени сили, како што рече, доколку се донесе ваква политичка одлука, мора да има временска рамка да подготви се што е потребно за тоа.

-Го погледнав истражувањето и има голема поддршка за враќање на воениот рок. Станува збор за мажи на возраст од 20 до 30 години кои би служеле задолжителен воен рок и ја поддржуваат таквата одлука, рече тој.

Вучевиќ истакна дека станува збор за пократко служење воен рок, кое би траело три до четири месеци.

-Што се однесува до мене, како премиер силно ја поддржувам таа одлука и не само како премиер, туку како татко на два сина, немам проблем и не сакам нашите деца да одат во каква било војна, и сакам нашата земја да е безбедна, како и нејзините граѓани, рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.