Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, порача дека српската влада нема да дозволи потенцијалниот рудник за литиум да ги уништи српските „реки“ и „планини“.

Вучевиќ сепак, нагласи дека „економскиот потенцијал“ не треба да се игнорира.

Никогаш нема да дозволиме некој да ги уништи српските реки, полиња, езера, шуми, ливади, планини и рамнини, но исто така нема да се откажеме од нешто што би можело да биде силен економски потенцијал и мотор за развојот на Србија во иднина, изјави Вучевиќ.

Неговата изјава ја пренесоа француски медиуми, објавувајќи делови од интервју од АФП.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.