Министерот за внатрешни работи на Србија, Братислав Гашиќ, вечерашното пукање кај Младеновац го оцени како терористички акт, пренесуваат српските медиуми.

Во пукањето кај селото Дубона, кај Младеновац, убиени се најмалку осум лица. Дел од медиумите јавуваат и дека оваа бројка се искачила на 10. Најмалку 13, пак, се ранети.

Осомничен е 21-годишниот Урош Б. кој е во бегство. Во недостиг на официјални информации, српските медиумите наведуваат дека тој продолжил со пукањето и додека бегал од полицијата. Неофицијално пукал на најмалку три локации од кои едната и кај Мало Орашје, во близина на Смедерево.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.