Српскиот министер за одбрана, Небојша Стефановиќ, соопшти дека авионот „Антонов 12“ што се урна во близина на Кавала, cеверна Грција, превезувал 11,5 тони муниција од српската наменска индустрија кон Бангладеш, а во несреќата загинале осум членови на екипажот.
Стефановиќ на прес-конференцијата информира дека авионот на украинската компанија „Меридијан ЛТД“ полетал од Ниш околу 20:40 часот и превезувал муниција на српската компанија „Валир“ за Министерството за одбрана на Бангладеш, при што биле планирани технички слетувања во Аман во Јордан, Ријад во и Ахмедабад, а требало да слета во Дака.
Овој авион ги имаше сите соодветни дозволи, се во согласност со меѓународните прописи – изјави Стефановиќ и додаде дека не се точни тврдењата на некои медиумите дека на тој лет се транспортирало оружје од Србија во Украина, оценувајќи ги како злонамерни и неточни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.