Министерот за образование на Србија Бранко Ружиќ поднел неотповиклива оставка, објави Танјуг.

Во дописот кој го испратил до претседателката на Владата Ана Брнабиќ напишал дека уште еднаш изразува најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите деца и чувстува голема болка, додавајќи дека вакво нешто не треба никогаш да се повтори.

Драматичните слики, солзите на неутешните родители на настаданите деца вечно ќе ги носам на душа, напишал Ружиќ во оставката.

На 4 мај се случи страшниот масакр во белградската населба Врачар, кога во основното училиште „Владислав Рибникар“ 14-годишен ученик застрела 8 деца и член на обезбедувањето. Основците од „Владислав Рибникар“ од 10 мај ќе се враќаат на настава во циклуси, а за тоа училиште е подготвен посебен план како одговор на кризата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.