Системот на Европската унија за брзи информации за безбедноста на храната (РАСФФ) соопшти дека во октомври две пратки од Србија биле запрени на границата со Хрватска и Словенија, јави дописникот на МИА од Белград.
Како што е наведено на сајтот на РАСФФ, на 18 октомври на границата со Словенија е запрена пратка замрзнати капини од Србија, поради недозволено количество на фунгицидот ипродион.
Во пратката на капини регистрирани се 0,023 mg/kg ипродион, а дозволената количина е 0,01 mg/kg. Стоката, била вратена на испраќачот.
На 25 октомври на границата со Хрватска била запрена пратка со додатоци во исхраната кои, како се наводи, содржеле нелегални состојки. И таа пратка му била вратена на испраќачот.
Да потсетиме, на почетокот на август од хрватската граница беше вратена пратка чипс произведен во Србија, поради високото ниво на канцероген акриламид.
Во средината на истиот месец, на хрватската граница во пратка праски пристигната од Србија е пронајдено високо ниво на пестицидот хлорпирифос, па товарот му бил вратен на испраќачот.
Поради истиот пестицид, на крајот на август од хрватската граница беа вратени и сливи од Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.